Image
Актуелно

Наградени ученици на конкурсите за месецот на книгата

Во големата сала на Народниот театар во Гевгелија се одржа завршната манифестација по повод "Месец на книгата 2018".

На манифестацијата што ја организираше ЈУ Библиотека „Гоце Делчев“, беа доделени повеќе награди за најдобрите творби посветени на книгата. Добитници беа учениците од основните училишта во општината и во СОУ„Јосиф Јосифовски“.

Првото место на натпреварот во рецитирање на песната „Таму е нашата река“ од Петре М.Андреевски, го освои ученикот Тодор Марков, додека првото место на квиз натпреварот во знаење од литературата за деца и млади го освоија учениците од ООУ„Климент Охридски“ во Миравци, Зоран Ѓоровски и Николина Ристова. За најдобар есеј на тема „Книгата богатство од зборови“ беше прогласен есејот на ученикот Кристијан Прошевски, под менторство на Александар Јанев, кој истовремено и изработи и најдобар дизајн на корица за книга. На конкурсот за најдобар расказ посветен на библиотеката првото место го освои ученикот Петар Ефремов, под менторство на Вили Караколева. Додека пак првото место за презентација на дело од литературата за деца и млади на тема „Омилената книга низ слики и зборови“ го освои ученичката Пепита Тодорова од ООУ„Ристо Шуклев“ од Негорци..

Почетокот на манифестацијата е во 12:00 часот.

Прашајте го градоначалникот

Image
Гевгелија 130 години
nar-prav.png
gevgelijabiz.jpg
© 2023 Општина Гевгелија. All Rights Reserved.Development by Klik Veb Studio