Работилница за малите и средни претпријатија
На 30 ноември, во петок, во Гевгелија, во рамки на проектот „Акцелератор на знаење за мали и средни претпријатија“
ќе биде организирана работилница за заедничко оценување на потребите.
Работилницата ја организира Фондацијата за локален развој и развој на информатички технологии - Гевгелија, која заедно со Организацијата на жени од Штип го реализира проектот одобрен од Грантовата шема за спроведување на проекти за зголемување на конкурентноста на земјата-корисник. На работилницата ќе стане збор за потребите и како да се направат овие претпријатија конкурентни. И тоа, преку обезбедување на неопходното знаење и вештини за искористување на достапните финансиски фондови и програми.
Работилницата ќе се одржи во малата сала на Народниот театар во Гевгелија, со почеток во 13:45 минути.