Image
Актуелно

Работилница за заедничко оценување на потребите на малите и средни претпријатија

На 30 ноември, во петок,со почеток во 14:00 часот, во Народниот театар во Гевгелија (мала сала), ќе се одржи Работилница за заедничко оценување на потребите на малите и средни претпријатија,

со посебен осврт на микро претпријатијата, во рамки на проектот„Акцелератор на знаење на МСП“ (МЕКА).

На настанот се поканети мали и микро претпријатија од регионот и пошироко. Целта на настанот е споделување на информации за досегашните реализирани активности на проектот, презентација на Анализата од прашалникот и од поединечните интервјуа пред целната група и тоа учесници од микро, мали и средни претпријатија, бизнис асоцијации, кластери.

Главна цел на проектот е воспоставување на одржлив и ефикасен акцелератор за знаење на мали и средни претпријатија за нивно зголемување на капацитетите и знаењата за поефикасно користење на фондови од ЕУ и останати донаторски организации.

Проектот „Акцелератор на знаење на МСП“(МЕКА) е финансиран во рамки на Европска Унија преку Националната програма за транзициска помош и институционална надградба 2013, Инструментот за претпристапна помош (ИПА), EuropeAid/138-495/ID/ACT/MK, Договорен орган: Централно финансирање и склучување на договори (ЦФСД) при Министерство за финансии на Република Македонија, а го имплементира Фондацијата за локален развој и развој на информатички технологии - Гевгелија во партнерство со Организација на жени - Штип.

Прашајте го градоначалникот

Image
Гевгелија 130 години
nar-prav.png
gevgelijabiz.jpg
© 2023 Општина Гевгелија. All Rights Reserved.Development by Klik Veb Studio