Image
Актуелно

Одбележување на меѓународниот ден на лица со посебни потреби

Центарот „Мајка Тереза“ од Гевгелија во соработка со општина Гевгелија, 

Дневниот центар за лица со посебни потреби, НВО Внимание и Аполонија фондацијата, денес (Понеделник, 03.12.2018) го одбележаа Меѓународниот ден на лицата со посебни потреби, под мотото „Да не оставиме никој зад нас“ и „Секој е важен“. На настанот во Народниот театар во Гевгелија, свои обраќања имаа градоначалникот на општина Гевгелија, Сашо Поцков и отец Димитар Ташев, основач на центарот „Мајка Тереза“. 

 

-Општина Гевгелија како општествено одговорна локална заедница настојува да излезе во пресрет на сите потреби и барања на граѓаните. Посебно кога се во прашања лицата со посебни потреби. И тоа преку конкретна помош на Дневниот центар за лица со посебни потреби, кој со финансиска поддршка од Министерството за труд и социјална политика беше целосно реновиран. Исто така, и преку финансиска поддршка на центарот Мајка Тереза и поддршка на проектот на здружението Национална Алијанса за лица со посебни потреби. Како и претходната поддршка и вклученост во реализацијата на проектите и активностите на фондацијата „Аполонија“ за подобрување на условите и социјализација на лицата со посебни потреби.

 

Покрај ова, нашата поддршка беше изразена и преку други конкретни активности – како што е обезбедениот бесплатен превоз на деца со посебни потреби или пак конкретни донации за лицата и центрите што ги посетуваат. Меѓутоа, нашите настојувања се насочени кон поголема инклузивност и еднаквост на лицата со посебни потреби. Бидејќи тоа е наша обврска, не само од законски, туку и од хуман аспект. Затоа, нашите активности и поддршка на лицата со посебни потреби ги дефиниравме во Програмата за социјална заштита и другите стратешки документи на општина Гевгелија. Но, многу поважно е ваквите програмски документи во целост да ги спроведеме во пракса. Што е уште позначајно, да обезбедиме поголема социјализација на лицата со посебни потреби. Само така ќе покажеме дека секој член од нашата заедница е подеднакво важен, рече во своето обраќање градоначалникот на општина Гевгелија Сашо Поцков.

 

Присутните дискутираа и на тема „Што локалната заедница може да направи за поголема инклузивност и еднаквост на овие лица“. На одбележувањето, беа доделени и наградите од литературниот конкурс, а беше организирана изложба на уметнички дела и рачно изработени предмети. Целиот настан беше збогатен со културно-уметничка програма, во којс учествуваа ученици од основните училишта во општината, ОМУ „Васо Карајанов“ и драмската група „Дон Кихот“.

 

Прашајте го градоначалникот

Image
Гевгелија 130 години
nar-prav.png
gevgelijabiz.jpg
© 2023 Општина Гевгелија. All Rights Reserved.Development by Klik Veb Studio