ЖРК „Ветерани Југ“- Гевгелија на Меѓународен турнир во Нови Сад
ЖРК
„Ветерани Југ“- Гевгелија, по двегодишна пауза поради пандемијата од КОВИД-19, ќе учествува на Меѓународен турнир на ветеранки и ветерани во Нови Сад. Турнирите ќе бидат одржани на 11 и 12 март, 2022 година, во организација на Клубот на ветерани „021“- Нови Сад, Србија, на кои учество ќе земаат 12 екипи ветерани и 8 екипи на ветеранки од Србија, Хрватска и Македонија, играјќи двапати по 10 минути. Од ЖРК „Ветерани Југ“- Гевгелија информираат дека екипата која ќе се натпреварува, ќе биде во состав на: Мицева, Мандиќ, Клеменовиќ, Попова, Доскова, Мицева, Проданова, Беќарова, Андонова и Попова. Подготвени да се претстават во добро светло, радувајќи се што повторно ќе се сретнат со своите пријатели, а што ќе играат на терен по двегодишната пауза.
- Спортот не знае за граници, а водечки принцип на овие турнири е да се промовира спортот и пријателството, но и човечноста што нив ги поврзува. На тој начин, ние ги прошируваме пријателствата и го промовираме нашиот град во областа на спортот, изјавија ракометните ветеранки од Клубот, чии активности и годинава се поддржани со средства од Буџетот на Општина Гевгелија преку Програмата за финасирање на спортските активности за 2022 година.