Љупчо Трајков го фати светиот крст во Вардар
Љупчо Трајков(29) од Гевгелија беше најсреќниот гевгеличанец на традиционалната манифестација што по повод Водици
се одржа на мостот на реката Вардар во Гевгелија. По светиот крст во реката Вардар, скокнаа 24 момчиња, меѓу кои беше и еден припадник на граничните полициски сили од Полска, а најсреќен меѓу сите нив беше Љупчо Трајков.
– Учествувам по прв пат и многу сум среќен што токму јас го фатив светиот крст. На сите им посакувам многу среќа и за многу години празникот, изјави Љупчо Трајков. Гевгелиското парохијско намесништво на Трајков му го подари осветениот крст и му порачаа со светиот Богојавленски крст да ги посети сите христијански домови во Гевгелија. Градоначалникот на општина Гевгелија, Сашо Поцков му подари лап топ, додека фирмата „Зегин“ на среќниот скокач му подари телевизор.
На фрлањето на чесниот крст во водите на реката Вардар, одмостот кај мотелот Вардар“, присуствуваа илјадници граѓани на општина Гевгелија. Пријатното време придонесе Водици навистина да наликува на Богојавление. Добрата организација значително придонесе за успешноста на оваа традиционална манифестација. Годинава, покрај задолжителниот лекарски прегледпредвлегувањето во водите на Вардар, беше организирана и спасувачка екипа, која за среќа, немаше потреба да интервенира.