Пензионерите предлагаат изградба на старечки дом
На последната минатогодична седница Собранието на Здружението на пензионери од Гевгелија, ја реактивира иницијативата за изградба на старечки дом во Гевгелија.
Здружението заклучи дека треба да се поднесе ново барање до Фондот за пензиско иинвалиско осигурување за оваа иницијатива, а истовремено до општина Гевгелија да биде испратено барање за внесување маркица за изградба на старечки дом во Генералниот урбанистичкиот план.
Иницијативата за изградба на Старечки дом во Гевгелија не е нова, а покрај Здружението на пензионерите, ја посочуваа и одделни приватни инвеститори. Па, дури имаше и прелиминарни разговори околу уредувањето на поранешната управна зграда на ЗИК„Винојуг“, која е во приватна сопственост, во старечки дом.