Бројот на пожарите намален, зголемена мобилност и ефикасност на пожарникарите
Во 2018-та година на подрачјето на општините Гевгелија, Богданци и Дојран, се случиле 141 пожар, за чие локализирање интервенирале пожарникарите на Територијалната противпожарна единица од Гевгелија.
Од нив, 104 пожари се случиле на отворен простор, при што била опожарена површина од 33,5 хектари, 29 пожари биле на објекти, а 7 пожари се случиле на сообраќајни средства.
Во споредба со 2017 година, кога се случиле 182 пожари, во 2018 година има намалување на пожарите. Според годишниот извештај на ТППЕ Гевгелија, кај 105 пожари причината е невнимание, додека кај 36 пожари причината е човечкиот фактор. Најмногу од пожарите, вкупно 64, се случиле во месеците септември и октомври, што според командирот Раде Котески е резултат на продолженото и топло лето.Но, пожарите демнеат и во зимските месеци, главно, поради неисчистените оџаци и неисправната инсталација. Со брза и навремена интервенција, како што беше случајот и при последната интервенција на ТППЕ-Гевгелија на улицата „Јане Сандански“ цо Гевгелија. Иако, во доцните вечерни часови трите противпожарни возила и пожарникарите успеаја да спречат поголема катастрофа, односно, го локализираа пожарот на покривот од семејната куќа.
Инаку, ТППЕ Гевгелија располага со 4 противпожарни возила-камиони и 2 теренски возила од кои едното е добиено како донација во 2018 година. Бројот на пожарникари е 21, а според бројот на населението кое го опслужува оваа единица, оваа бројка треба да изнесува 25 . Општина Гевгелија настојува со сопствени средства и донации да го проширува возниот и противпожарниот парк на единицата, но и да обезбеди подобра екипираност. Значајно влијание на мобилноста и ефикасноста на ТППЕ-Гевгелија се воведените редовни обуки на пожарникарите кои континуирано се одвиваа во текот на минатата година. Според оценките на Словенечкиот институт за квалитет, при последната контрола на примената на ИСО 9001:2015 во општина Гевгелија, е констатирано најголемо подобрување на квалитетот на услугите токму во ТППЕ-Гевгелија.