Промовирани убавините на Општина Гевгелија на Конвенцијата за прва помош во Битола
ОО Црвен крст- Гевгелија заедно со Општина Гевгелија
учествуваа на годинашната Конвенција за прва помош на сите општински организации на Црвениот крст, која се одржа во Битола. На оваа Конвенција, беа промовирани убавините со кои располага општината. На штандот за промоција, беа изложени традиционални јадења од гевгелиското поднебје, гевгелиското квалитетно вино, пчелни производи, а беа презентирани и богатата хотелско-туристичка и угостителска понуда на градот и иновации од пчеларството, како што е апи-терапијата, третман со вдишување на пчелниот воздух.
Градоначалникот на општина Гевгелија, Андон Сарамандов, ја упати својата благодарност до ОО Црвен крст- Гевгелија за поканата за учество на оваа Конвенција, како и до сите правни и физички лица кои придонесоа во успешното претставување, како дел од соработката со Општина Гевгелија за промоција на идентитетот на градот.