Закажана втората проекција на „Кајмак“ во Гевгелија
Домот на културата
„Македонија“- Гевгелија ја закажа втората проекција на најновиот филм на македонскиот режисер, Милчо Манчевски, „Кајмак“. За емитувањето на филмот, во петок (2 декември, 2022 година), со почеток во 19:00 часот, во Народниот театар- Гевгелија, од денеска, картите се пуштени во претпродажба, по цена од 150 денари. Билетите можат да се купат во просториите на Народниот театар, од 08:00 до 15:00 часот и пред почетокот на проекцијата.
Во филмот, е прикажан животот на две современи македонски семејства. Улогите ги толкуваат: Сара Климоска, Камка Тоциновски, Александар Микиќ, Симона Спировска, Ана Стојановска, Филип Трајковиќ, Петар Мирчевски, Сашка Димитровска, Лазе Манасковски, Јасмина Василева, Дејан Лилиќ, Елена Кузманов, Крсте Роџевски, Ратка Радмановиќ, Ана Димитрова, Никола Ристески, Ангела Димитрова, Соња Михајлова, Александра Пешевска, Ѓорѓи Јолевски, Љиљана Богојевиќ, Сара Станиќ и други.