Изложба на ракотворби од штитениците на Дневниот центар по повод Денот на лицата со посебни потреби
По повод 3 Декември- Денот на лицата со
посебни потреби, Дневниот центар за лица со посебни потреби во Гевгелија, во соработка со НУ Музеј Гевгелија, организира Изложба на ракотворби, изработени од штитениците на Дневниот центар. Имено, Изложбата на ракотворби ќе биде отворена утре (2 декември, 2022 година), во Уметничката галерија Амам- Гевгелија, со почеток во 16:00 часот.
Ракотворбите ќе бидат достапни за продажба, а собраните средства ќе бидат наменети за купување материјали, потребни за окупационите активности на лицата со посебни потреби што Центарот ги спроведува за стекнување животни вештини.