Состанок за развој и поддршка на младинската работа во државата
Општина Гевгелија,
на покана од Сојуз за младинска работа, учествуваше на состанокот на чинители, на тема: „Младински центри и образование за младински работници во Македонија- развој и предизвици“. Имено, на состанокот, во организација на Сојуз за младинска работа, а во соработка со Агенција за млади и спорт, се дискутираше за моменталната состојба, развојот и предизвиците во полето на младинската работа во државата, во однос на формалните можности за образование на младински работници и процесот на основање општински младински центри во согласност со Законот на младинско учество и младински политики. Притоа, беа споделени идеи за потенцијална соработка и заеднички иницијативи за поддршка на развојот за квалитетна и одржлива младинска работа во државата, како и искуства од локалните самоуправи кои веќе имаат основано младински центри во своите градови.
На состанокот, излагање за конкретната тема имаа генералниот секретар на Сојуз за младинска работа, Драган Атанасов; деканот на Филозофски факултет при УКИМ- Скопје, проф. д-р Ратко Дуев; соработникот за млади и младински политики на претседателот на Владата, Ѓорги Тасев и претставник од Агенцијата за млади и спорт, Стефан Степаноски.