![Image](/images/2022/02/15/logo-gvg.png)
Поттикнување на проактивноста кај учениците преку проектот „Врснички форум театар против насилство во училиштата“
![](/images/2022/12/15/320310742_508269937953434_3606486956088566420_n.jpg)
Во рамките на проектот
„Врснички форум театар против насилство во училиштата“, беше реализиран дводневен камп со вкупно 30 ученици од основните училишта и средното училиште од општина Гевгелија. На работилниците, учениците на креативен и безбеден начин имаа можност слободно да зборуваат за нивните потреби и проблеми. Преку игра на улоги, ја претставуваа фактичката состојба во нивната средина поврзана со темата за врсничкото насилство, поттикнувајќи емпатија и одговорност кај секого. Преку дискусија и нудење различни пристапи во конфликтните ситуации, учениците имаа можност да учат едни од други на искуствен начин. На овие работилници се работеше и на создавање четири сценарија кои подоцна треба да се претворат во видеоприказни и една театарска претстава што е следна цел на проектот.
Целта на работилниците беше поттикнување индивидуална и создавање проактивни личности кои ќе може да врши влијание во средината каде живее и се движи. Работилниците беа изведени во хотелот „Истатов“, во Нов Дојран. Проектот „Врснички форум театар против насилство во училиштата“ е одобрен од „Регионалната програма за локална демократија во Западен Балкан 2 (ReLOaD2)”, финансирана од Европската унија, а спроведувана од Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) и Општина Гевгелија. Проектот го имплементираат Здруженијата „Од станица до граница“ и „Рубикон“.