Во четвртфиналето на купот: Блокотехна-Охрид и МЗТ-Кожув
Системот за натпреварување на Кошаркарскиот куп на Македонија, што на 15,16 и 17 февруари ќе се одржи во Гевгелија,
во двете конкуренции, ќе биде идентичен како и лани што значи кај мажите во четвртфиналето се пласирани тимовите кои беа меѓу осумте најдобри во првиот дел од натпреварувањето (11. коло), односно ќе разигруваа по следниов систем 1-8, 2-7, 3-6, 4-5 по што во полуфиналето ќе вкрстат двојките 1-4 и 2-3. Купот стартува на 15 февруари во спортската сала „26 април“ во Гевгелија, каде што во 13.00 часот, во четвртфиналето се среќаваат Работнички-Куманово, а во 15.30 часот се среќаваат КК Блокотехна-Охрид АД. Во 18 часот играат Гостивар со Фени Индустри, додека во 20.30 часот, се среќаваат МЗТ Скопје и КК Кожув.
Во женска конкуренција првите четири пласирани екипи по десеттото коло од натпреварувањето во ПЛЖ.
Во четвртфиналните натпревари важи правилото за тројца домашни играчи на терен во секој момент од играта, во полуфинале и финале ќе важат пропозиции за натпревари (СУПЕРЛИГА) – двајца Македонци на терен.