На првата крводарителска акција во 2023 година, собрани 28 единици крв
На крводарителската
акција, организирана од ОО Црвен крст- Гевгелија, во соработка со Институтот за трансфузиона медицина, беа собрани 28 единици крв. Организаторот упати благодарност до дарувачите, но и апел до граѓаните за масовна поддршка на акциите дарувајќи ја својата крв, така што ќе придонесат годинава Гевгелија повторно да биде на листата на најхумани градови со најголем број крводарувања.
Ова беше првата крводарителска акција на ОО Црвен крст- Гевгелија која се одржа во 2023 година, а под мотото „Крвта да го чека болниот, а не болниот да чека крв“.