Тридневна културна програма за Спасовден 2023
По повод
одбележувањето на Патрониот празник на Општина Гевгелија, христијанскиот празник Вознесение Христово- Спасовден, Домот на културата „Македонија“- Гевгелија, под покровителство на Општина Гевгелија, организира богата тридневна културна програма.
Согласно програмата, честувањето на Спасовден ќе започне од 24 мај 2023 година (среда) со традиционалната манифестација „Распеана чаршија“, која ќе се одржи на платото пред Народниот театар- Гевгелија, со почеток во 19:00 часот.
Наредниот ден (четврток, 25 мај 2023 година), во Народниот театар- Гевгелија ќе гостува Скопје танцов театар- Интерарт културен центар со претставата „Табу Република“, во кореографија и режија на Бобан Русески.
Спасовденската културна програма ќе биде затворена на 26 мај 2023 година (петок), со одржувањето на Изложбата на ДЛУГ, во Народниот театар- Гевгелија, со почеток во 19:00 часот и Промоција на книгите „Со зрно сол и парче локум“ и „Кога татковината станува чедо, а вистината борба“ од авторот, професор д-р Васил Шутаров, во хотел „Аполонија“- Гевгелија, со почеток во 20:00 часот.
За посета на сите културни настани, влезот е слободен.