![Image](/images/2022/02/15/logo-gvg.png)
Калинките на прием кај градоначалникот Сарамандов
![](/images/2023/06/01/350784839_990895925267480_7258808654978756495_n.jpg)
Работно утро
на градоначалникот на општина Гевгелија, Андон Сарамандов, започна со приемот на сите учесници на 21. Меѓународен детски музички фестивал „Калинка 2023“ година. На солистите, хористите и танчерите им посака успешни настапи на трите главни фестивалски вечери, коишто од утре, 2 јуни и наредните два дена ќе се одржат во Народниот театар- Гевгелија. Го истакна своето задоволство што, по неколкугодишна пауза, оваа година „Калинка“ се возобнови и ја продолжи својата традиција на одржување.
- Без размислување ја прифатив иницијативата за „Калинка“ повторно да се врати на сцената, а сето тоа да биде на задоволство на дечињата од општина Гевгелија. Секако, и на возрасните, имајќи го предвид фактот дека „Калинка“ е културен белег и културно растење на општина Гевгелија, во кој фестивал сите сме имале можност директно или индиректно да бидеме дел од него, истакна Сарамандов.
Исто така, Градоначалникот, на дечињата им го честиташе и Меѓународниот ден на детето, посакувајќи им да бидат среќни, безгрижни и исполнети во нивното растење