Сифулајка со помалку ѓубре
Активни и повремени велосипедисти,
но и други граѓани се вклучија во првата велосипедска акција „Сифулајка без ѓубре“ организирана од здружението „Changemakers4All“ во Гевгелија. Предводени од членовите на ова здружение, еко-велосипедистите овој пат дадоа свој прилог во заштитата на едно од најпрекрасните локалитети во близина на Гевгелија - реката и крајбрежјето на Сифулајка. Притоа, за кратко време собраа 30 килограми разновиден отпад, расфрлан покрај оваа убава планинска река.
Организаторите не го кријат своето задоволство од одзивот, иако, акцијата се организираше во екот на годишните одмори. И покрај тоа, учесниците успеаја да соберат дел од расфрланото ѓубре крај реката, која привлекува капачи преку летото. Што е уште позначајно, акцијата покажа дека еколошката свест кај гевгеличани, посебно, младите се разбудува. Најдобра потврда за тоа се акциите што ги организира здружението „Changemakers4All“.