„Техно Павер“ победник на турнирот во мал фудбал во Миравци
Во Миравци заврши турнирот во класичен мал фудбал „Миравци 2019“,
во чии рамки во изминатиов месец 24 екипи се бореа да стигнат до финалето, кое се одржа во саботата навечер. Во финалето Техно павер од Велес ја победи екипата на Клими Мк со резултат 3:1, така го освои првото место на овој нововостановен турнир. Второто место го освои Клими Мк, третото место Црна река, а четвртото место го освои екипата на Тотал тв од Струмица
Победникот на турнирот беше награден со 100.000 денари, второпласираната екипа Клими Мк доби, 60.000, третопласираната Црна река 30.000 денари, додека четвртопласираната екипа Тотал тв доби 10.000. Честа да го отворат турнирот во класичен мал фудбал во организација на КМФ-Миравци ја имаа екипите на Парис -Миравци и Живинарска фарма Стокол –Гевгелија, а првиoт гол го постигна Кристијан Зумровски од екипата на Парис -Миравци.