Одржана првата бесплатна обука за прва помош
Општинската организација на Црвениот крст од Гевгелија
ја одржа првата од предвидените три бесплатни обуки по прва помош во рамки на кампањата на македонскиот Црвен крст под мотото „Твоето незнаење чини живот“.
-Кампањата следува по направени анализи кои покажаа дека голем број граѓани, особено возачи, не знаат правилно да укажат прва помош во случај на сообраќајна несреќа и дека тоа доведува до компликации од повредите па дури и до смртни последици,велат од општинскиот Црвен крст во Гевгелија.
Покрај јулската, гевгелискиот Црвен крст во рамки на кампањата летово ќе организира уште две бесплатни обуки од кои првата на 15 август и втората на 10 септември. Се предвидува со кампањата да бидат опфатени околу 8.000 возачи и многу граѓани од земјава кои до 15 септември ќе ги следат бесплатните обуки по прва помош во 33 општини.