Излезе од печат јулскиот „Гевгелиски Магазин“
Излезе од печат јулскиот број на „Гевгелиски магазин“,
кој обилува со актуелни информации за настаните и активностите во општина Гевгелија. Тема на бројот е истражувањето на центарот за граѓански здруженија според кое општина Гевгелија се наоѓа меѓу најтранспарентните институции во државата. Во месечникот се регистрираат сите актуелни настани, почнувајќи од посетата на претседателот на државата Стево Пендаровски, посетата на претседателот на Големото собрание на Република Турција, Мустафа Шентоп, па, се до текот и активностите околу летната инфраструктурна акција во општината.
Исто така, се презентира новиот парк „Урбан градски сквер“, кој треба да биде уреден на локацијата на поранешниот градски пазар, во центарот на градот. Во јулското издание на „Гевгелиска јавност“ има богата хроника на активности околу тековните проекти, како што се распишаните тендери за изградба на последната делница од петот Негорци-Серменин и локалниот пат Давидово-манастир „Св.Илија“, потоа, добиениот грант за пречистителна станица во Моин и поставувањето на мониторинг станица за аерозагадување. Во весникот има богата културна хроника, страница посветена на младите и најновите спортски актуелности.