Промовирана втората книга на д-р Васко Шутаров
Во Гевгелија беше промовирана втората книга на
д-р Васко Шутаров „Културната дипломатија на СФРЈ и културните дипломатии на државите наследнички“. Промотори на ова значајно дело, кое е едно од ретките во научната мисла во државите произлезени од поранешна Југославија беа професорите Јован Ананиев и Јадранка Денкова. Книгата е резултат на едно подолго научно истражување и докторска дисертација, но и личен интерес за пронаоѓање одговори на бројни прашања од времето на распаѓањето на поранешна СФРЈ и создавањето нови држави-наследнички. Книгата не претендира на една и единствена причина за распадот на Југославија, а ги третира скоро сите најважни, но пледира на исклучително важното влијание што културата го имаше во тие процеси.
Васко Шутаров во своето обраќање пред гевгеличани нагласи дека е посебно горд што првата промоција се случува токму во Гевгелија, а најави скорешни промоции и во Скопје, Белград, како и во Софија Неговата прва книга за "Јавната и културната дипломатија" освен во нашата земја, беше преведена и издадена и во Република. Бугарија, а автор е и на повеќе научни трудови кои ја третираат оваа област од меѓународната политика. Д-р Васко Шутаров е дипломиран политиколог, поранешен член на Советот на општина Гевгелија, пратеник и дипломат, кој беше директор на Културно-информативниот центар во Софија.