Хуманитарна акција на Здружението на глуви и наглуви лица
Здружението на глуви и наглуви - Гевгелија организира
хуманитарна акција за собирање на мебел и апарати за домаќинство за потребите на Горан Манасиевски. Имено, Владата на Република Северна Македонија на овој жител на Гевгелија, кое е лице со оштетен слух и корисник на социјална помош, му додели стан во Гевгелија.
Во хуманитарната акција се очекува да се вклучат сите граѓани на општина Гевгелија, кои со донирање на мебел и апарати за домаќинство, ќе помогнат во уредувањето на станот на Горан. Според Здружението на глуви и наглуви лица, донираните предмети треба да се достават во станот кој се наоѓа на улица „Сава Михајлов“ б.б., зграда 1, влез 2, први кат, стан бр. 6. Информации за контакт 034/211-993.