Јавна презентација на Проектот за зонско паркирање
Општина Гевгелија организира Јавна презентација на Основниот проект
за режимот на сообраќајот за зонско паркирање во општина Гевгелија. Јавната презентација ќе се оддржи на 6 феврурари 2020 година, во четврток, во 18 часот, во Народниот театар во Гевгелија. Имено, Oпштина Гевгелија изработи проект согласно законските одредби, за режимот на сообраќајот во Гевгелија.
Со овој проект се определуваат јавните паркиралишта и другите јавни површини на подрачјето на град Гевгелија на кои ќе се применува системот на зонско паркирање, како и начинот, условите на паркирање, времетраење на паркирање, негово ограничување, начинот на наплатата, како и начинот на означување на ограничувањето на отворените јавни паркиралиштa или зонско паркирање. Зонското паркирање ќе се применува на цела територија на град Гевгелија поделено по зони, односно: прва црвена зона „А“, втора жолта зона „Б“ и трета зелена зона „Ц“.
Пред почетокот на постапката за примена на зонското паркирање, градоначалникот на општина Гевгелија, Сашо Поцков, оцени дека проектот по првичната расправа во Општинскиот совет за безбедност на сообраќајот во општина Гевгелија, добро е да им биде презентиран на граѓаните. За таа цел е организирана и Jавна презентација по која проектот ќе се најде пред Советот на Oпштина Гевгелија,кој треба да ја донесе Oдлуката за воведување на зонското паркирање.