
Градоначалникот Сашо Поцков во посета на општина Пеонија

Градоначалникот на општина Гевгелија, Сашо Поцков, вчера престојуваше
во посета на општина Пеонија, во соседна Грција, каде што имаше средба со градоначалникот Константинос Сионидис. На средбата стана збор за соработката меѓу двете прекугранични општини, во прв ред, активностите што допрва претстојат. Пред се, заедничкото учество на Jавниот повик од ИПА-Програмата за прекугранична соработка меѓу Република Северна Македонија и Република Грција.
Идентични беа заложбите на двајцата градоначалници да продолжи досегашната соработка, но и да биде унапредена. Двете општини и во моментот заеднички го реализираат проектот АКВА М2, во чии рамки во Гевгелија се врши регулација на дел од коритото на Сува Река со финансиска поддршка од ИПА-ППС.