Поповолен амбиент за бизнис во општина Гевгелија
Во општина Гевгелија создаден е поповолен амбиент за бизнис. За таа цел, минатата година
Меѓународниот економски форум „Перспективи“ од Дубровник и „Промо Глобал“ од Загреб, Република Хрватска, на општина Гевгелија и доделија Златна награда „Глобал-локал“ во категоријата на локални заедници. Високото признание се однесува на локалните самоуправи кои креираат добар амбиент за развој на бизнисот и претприемништвото во Средна и Југоисточна Европа. Во прилог на тоа е и податокот дека на крајот од минатата година во општина Гевгелија биле евидентирани само 630 невработени лица.
Во настојувањата за зголемување на инвестициските вложувања секако е најавата на турскиот инвеститор, преку својата компанија „Калтуненержи ДОО“ Скопје, за релизацијата на проектот Ветерен парк „Дрен“ кој е прифатен од Министерството за животна средина и просторно планирање. Предвидена е изградба на десет ветерници, од кои седум во општина Демир Капија и три во општина Гевгелија.
Во гевгелиско, минатата година беа поставени три Агрометеоролошки станици за заштита на земјоделските култури и животната средина што претставува значаен чекор кон модернизацијата на земјоделството. Една станица е поставена во околината на Прдејци и е наменета за производителите на бостан, а две се поставени во околината на Негорци, од кои една Агрометеоролошка станица на лозовите плантажи на „Ригоимпекс", додека другата е наменета за житните култури. Проектот е реализиран во рамките на Југоисточниот плански регион.
Од страна на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство на РСМ, на Здружението „ЛАГ Бојмија“, му е доделена финансиска поддршка од 879.085 денари, од кои 80.585 ќе се искористат за опремување на административните простории, а останатите 798.500 денари за реализација на проектот „Интегрирана информативна и туристичка понуда од територијата на ЛАГ Бојмија“.
Во општина Гевгелија создаден е поповолен амбиент за бизнис. За таа цел, минатата година Меѓународниот економски форум „Перспективи“ од Дубровник и „Промо Глобал“ од Загреб, Република Хрватска, на општина Гевгелија и доделија Златна награда „Глобал-локал“ во категоријата на локални заедници. Високото признание се однесува на локалните самоуправи кои креираат добар амбиент за развој на бизнисот и претприемништвото во Средна и Југоисточна Европа. Во прилог на тоа е и податокот дека на крајот од минатата година во општина Гевгелија биле евидентирани само 630 невработени лица.
Во настојувањата за зголемување на инвестициските вложувања секако е најавата на турскиот инвеститор, преку својата компанија „Калтуненержи ДОО“ Скопје, за релизацијата на проектот Ветерен парк „Дрен“ кој е прифатен од Министерството за животна средина и просторно планирање. Предвидена е изградба на десет ветерници, од кои седум во општина Демир Капија и три во општина Гевгелија.
Во гевгелиско, минатата година беа поставени три Агрометеоролошки станици за заштита на земјоделските култури и животната средина што претставува значаен чекор кон модернизацијата на земјоделството. Една станица е поставена во околината на Прдејци и е наменета за производителите на бостан, а две се поставени во околината на Негорци, од кои една Агрометеоролошка станица на лозовите плантажи на „Ригоимпекс, додека другата е наменета за житните култури. Проектот е реализиран во рамките на Југоисточниот плански регион.
Од страна на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство на РСМ, на Здружението „ЛАГ Бојмија“, му е доделена финансиска поддршка од 879.085 денари, од кои 80.585 ќе се искористат за опремување на административните простории, а останатите 798.500 денари за реализација на проектот „Интегрирана информативна и туристичка понуда од територијата на „ЛАГ Бојмија“.