
Oпшта болница- Гевгелија дел од Проектот за заштита и унапредување на јавното здравје во прекуграничниот регион

Во Солун се одржа состанок на партнерите кои го имплементираат
проектот „Заеднични активности за заштита и унапредување на јавното здравје во прекуграничниот регион (IpA SHIELD II), финансиран во ракми на Интеррег ИПА Програмата за прекугранична соработка. Покрај ЈУ Општа болница со проширена дејност - Гевгелија, во имплементацијата на проектот учествуваат: Oпшта болница- Кукуш, 4 Здравствен регион на Македонија и Тракија, Здравствен дом- Валандово и Национален центар за брза помош, како и Фондацијата за локален развој и развој на информатичка технологија која ги помага ЈЗУ Општа болница- Гевгелија и Здравниот дом Валандово со техничка и стручна помош.
На состанокот беше усвоен Акцискиот план за реализација на активностите во периодот март-јуни 2020. Притоа, беше разговарано за напредокот на активностите, планирањето и спроведувањето на наредните активности, како и можните потешкотии при реализација на активностите. Се разгледа и можноста за продолжување на договорот за реализација на проектот од 9 месеци.