Општина Гевгелија продолжува со акцијата за помош на стари и изнемоштени лица
Мобилните екипи формирани од Општина Гевгелија продолжуваат со акцијата
за пружење помош и достава на храна на социјално-загрозените лица кои ја користат од Народната кујна.
Мобилните екипи се на располагање и на старите лица- самци и стари изнемоштени лица, на кои им е потребна помош околу купување храна и лекови и плаќање сметки за домаќинство.
Останатите ранливи категории кои користат гарантирана минимална помош, веќе добија средства за лична хигиена.
Koн акцијата се приклучија и Хотел „Аполонија“ и Фондацијата „Аполонија“.
Општина Гевгелија излегува во пресрет и корист на граѓаните грижејќи се за јавното здравје, се со цел да се превенира ширењето на Корона вирусот.