Мерки на Општина Гевгелија за натамошно спречување за ширењето на Корона вирусот
Општина Гевгелија, согласно последните мерки на Владата
на Република Северна Македонија, ги засили мерките и активностите за натамошно спречување на ширењето на територијата на целата општина.
Сите детски игралишта во и надвор од училишните дворови, рекреативни терени и центри (Динќут, Вардарски Рид, Парк кај ЖС) и други јавни површини се затворени и обележани со ленти за забранет влез. Притоа, уште еднаш се апелира до граѓаните доследно да ги почитуваат и постапуваат по мерките на Владата на РСМ.
Општина Гевгелија продолжува и ги засилува мерките за дезинфекција на јавните објекти, улици и јавни површини, во соработка со Центарот за здравје-ПЕ Гевгелија и ЈПКД „Комуналец“. Притоа, извршена е дезинфекција на сите Општински објекти.
ЈПКД „Комуналец“, согласно Планот за дезинфекција на улици и јавни површини, врши редовна дезинфекција на улиците и јавните површини, како и Општинските јавни објекти, и тоа, на секои пет дена, согласно упатството од Центарот за јавно здравје-ПЕ Гевгелија.
Заради обезбедување на поголема заштита на јавното здравје, Општина Гевгелија им препорачува на граѓаните доследно да ги применуваат мерките на Владата на РСМ, посебно, во поглед на личната и дезинфекцијата на своите домови.
Исто така, им се препорачува на сите Заедници на сопствениците во колективните станбени згради, во станбените згради да организираат дезинфекција на влезовите и ходниците.
Додека, правните лица да извршат дезинфекција во производните и другите деловни простории, каде што се обавуваат работните процеси.
Притоа, Заедниците на сопственици и правните лица да ги користат сопоствените ресурси или пак да се јават во Центарот за јавно здравје-ПЕ Гевгелија (078 545 444) кој врши ваков тип на услуги.
Се апелира до работодавачите и раководните лица во конфекциските и други производни погони, супермаркети, продавници, бензински пумпи, аптеки, доследно да ги почитуваат мерките за заштита на вработените, односно да ги обезбедат со заштитни маски и ракавици.
За време на полицискиот час кој стапува во сила од денес и ќе важи секој ден од 21.00 до 06.00 часот, такси-возилата во Гевгелија ќе работат само на повик на постојните дежурни телефони за превоз до Општата болница и дежурните аптеки.