Започна акцијата за делење бесплатни маски на граѓаните
Од денес започна акцијата за делење бесплатни заштитни маски.
Во периодот од 10 до 16 часот секој ден, бесплатните заштитни маски ќе се делат на посебен пункт поставен на градскиот плоштад, пред супермаркетот „Кит-Го“.
Маските на граѓаните ќе ги делат волонтерите на Невладината организација „Чеjнчмејкерс“ која се вклучи во реализацијата на оваа акција на Општина Гевгелија. Исто така, маски ќе се достават и до сите села во околината на Гевгелија. Маските се донација од „Дока текстил“- Валандово.