Извршена е втората дезинфекција на улиците и јавните површини
Во Гевгелија се изврши втората дезинфекција на улиците согласно
донесениот План за дезинфекција на улиците и јавните површини. Имено, Општина Гевгелија во соработка со Центарот за здравје- ПЕ Гевгелија и ЈПКД „Комуналец“ пред неколку дена почна со акцијата за дезинфекција на улиците во централното градско подрачје во Гевгелија. Веднаш потоа, се дезинфицираат и другите улици и јавни површини, од страна на ЈПКД „Комуналец“, а под стручен надзор и упатства од Центарот за здравје- ПЕ Гевгелија.
Акцијата на одредени улици и површини ќе се повторува секој петти ден.