Зголемено нивото на хлор во водата за пиење
По известувањето од ЈЗУ „Институт за јавно здравје“ Скопје,
каде согласно најновите препораки од СЗО потребно е Претпријатијата кои вршат снабдување со вода за пиење на населението да го одржуваат нивото на резидуален хлор во водоводната мрежа на ниво од 0,5 мг/л заради превенција од вирусот COVIT-19.
- ЈПКД „Комуналец“ Гевгелија постапи по овие препораки од СЗО и го зголеми нивото на резидуален хлор на 0,5 мг/л. Оваа концентрација на хлор е дозволена горна граница на ниво на хлор во водата и не е штетна по здравјето на населението. ЈЗУ „Инститит за јавно здравје“ Гевгелија и нашиот технолог редовно земаат мостри за испитување на резидуалниот хлор во водата, истакнаа од Јавното претпријатие.