Од Центарот за јавно здравје- ПЕ Гевгелија за првиот случај на заразен со Корона вирус
На 29 март 2020 година е регистриран првиот случај на заболен од COVID 19
во Гевгелија. Случајот е официјално потврден од лабораторијата за вирусологија на Институтот за јавно здравје во Скопје.
- Веднаш е постапено согласно алгоритмите пропишани од СЗО за дефиниција на случај. Лицето е веднаш контактирано и е веднаш ставено во домашен карантин заедно со членовите на семејството со кои живее во заедница. Во моментот се врши епидемиолошко истражување со цел изнаоѓање на сите лица кои биле во близок контакт со заболеното лице. Направена е епидемиолошка анкета на лицето и на најблиското семејство со цел лоцирање на изворот на заразата. Ќе се тестираат членовите на најблиското семејство. Во меѓувреме, ќе се трага по лицата кои оствариле близок контакт со заболеното лице, со цел да се направат епидемиолошки анкети за ризикот од можна инфекција. Ќе бидат евидентирани сите контакти и ќе се направи исцрпна анализа за можните ризици од ширење на инфекцијата со цел преземање на пропратни мерки за пресекување на сите можни синџири на заразата. Се молат граганите да останат смирени и да имаат доверба во системот, истакна епидемиологот Сашко Олумчев oд Центарот за јавно здравје- ПЕ Гевгелија.