Вработени од Основниот суд- Гевгелија со донација за борбата против Корона вирус
По повод денот на Правосудството, судиите од Основниот суд- Гевгелија
и вработените во администрацијата самоицијативно собрале пари за да ги донираат на Инфективната клиника во Скопје и да помогнат во борбата со епидемијата од Корона вирусот.
Поради тоа што Судот е Буџетски корисник и законски не смее да да донира, судиите и вработените со симболична сума од својата плата донираа, се со цел да ги мотивираат граѓаните да помогнат во борбата против Ковид-19.
- На овој начин ние сакаме да го прославиме и враќањето на пошироката надлежност на Основниот суд Гевгелија, која ни беше земена. Одлучивме дека сега нам ни е редот да дадеме, истакна претседателката на Основен суд- Гевгелија, Златка Попова.