За дозвола за движење земјоделците се пријавуваат во Општина Гевгелија
Општинскиот кризен штаб, согласно најновите заклучоци на Главниот координативен кризен штаб,
ги известува сите земјоделци, сточари и други лица, чии земјоделски посеви и објекти се надвор од атарот на местото на живеење, за движење во времето на забраната за движење треба да се пријават во Општина Гевгелија. Односно, лицата кои сакаат дозволи за движење треба да достават матичен број, адреса на живење, телефон и број на катастарска парцела).
Општина Гевгелија списокот на лицата кои се пријавиле за добивање дозвола за движење, го доставува до ОВР- Гевгелија. Барањата се пријавуваат во Општина Гевгелија од 10 до 14 часот.