Започна бетонирањето на крак од патот кој води до црквата во Петрово
Продолжува акцијата за подобрување на патната инфраструктура во Гевгелија
и населените места. Се бетонираат помали улици и краци во повеќе населени места. Изведбените работи ги спроведува градежната фирма „Мансард“.
По бетонирањето на едниот крак од улицата која се протега долж одводниот канал Рауљ, од Мостот на патот за Негорци кон новиот хотел „Paint it black“, механизацијата на „Мансард“ се пресели во село Петрово и ги започна изведбените работи на крак од патот кој води до селската црква.
По завршувањето на изведбените работи на патот кој води до црквата во Петрово, „Мансард“ ќе продолжи со бетонирањето на улиците во населеното место Богородица.