Идентификација и санкционирање на лицата кои учествуваа во велигденското прекршување на забраната за движење
Од ОВР- Гевгелија информираат дека во тек е постапка за идентификација
и санкционирање на забраната за движење за време на велигденските празници, согласно донесените мерки на Владата на Република Северна Македонија. Како што е познато, во неделата, 18 април, 2020 година, повеќе од дваесетмина гевгеличани излегоа на улицата „Јосиф Јосифовски“ и играа оро, а од самиот чин беше поставено видео во живо на социјалните мрежи. Министерството за внатрешни работи веднаш по настанот спроведе постапка за идентификување на лицата кои ја прекршија забраната за движење.
Притоа, идентификувани се 18 лица, а во тек е распитот во Полициската станица- Гевгелија. По доставувањето на доказите, ќе бидат поднесени соодветни казнени пријави до Основното јaвно обвинителство во Гевгелија, кое ќе преземе соодветни законски мерки против лицата кои ја прекршиле забраната за движење за време на полицискиот час.