Намалени рестрикции за дозволеното движење
Владата на Република Северна Македонија на својата 45 седница, донесе нови мерки
за намалување на рестрикциите на движењето.
Почнувајќи од денес, 23 април, 2020 година, секој работен ден, од понеделник до петок ќе биде дозволено движењето на граѓаните од 05:00 часот наутро до 19:00 часот. Забраната за движење во целата држава ќе почнува во 19:00 часот и ќе трае до 05:00 часот наутро.
За лицата над 67 годишна возраст ќе биде дозволено движење секој работен ден од 05:00 часот наутро до 12 напладне.
Младите лица до 18 години ќе може да излегуваат од понеделник до петок од 13:00 до 19:00 часот.
Се намалува и ограничувањето на движење за време на викендите.
Отсега, забраната за движење за викенд ќе почнува од 15:00 часот во сабота, а ќе трае до понеделник до 05:00 часот наутро.Во сабота, за лицата над 67 годишна возраст ќе биде дозволено движење од 05:00 часот наутро до 11:00 часот наутро.
Во сабота, младите лица до 18 години ќе може да излегуваат од 12:00 до 15:00 часот.
Од Владата апелираат дека намалувањето на рестриктивните мерки никако не смее да значи опуштање и неодговорно однесување ниту кон себе, ниту кон семејството, ниту кон останатите граѓани. Напротив, намалувањето на рестриктивните мерки значи дека се зголемува нашата лична одговорност и за наша и за заштита на луѓето околу нас.