Задолжително носење заштитна опрема во затворени објекти и секогаш кога нема минимална дистанца од 2 метра
Од денес, според новите мерки на Владата на Република Северна Македонија
од 45 седница, задолжително е носење на лична заштитна опрема за носот и устата која може да биде: респираторна маска, хируршка маска за еднократна употреба, текстилна маска за повеќекратна употреба, памучна марама или шал, бандана и слично.
Носењето е задолжително во сите затворени јавни објекти како државни институции, маркети, продавници, банки, пошти, јавен превоз, чекални, здравствени институции и слично.
Носење заштитна опрема на отворено е задолжително на отворени пазари и секогаш кога не можете да одржувате минимална дистанца од 2 метри од најблиското лице до вас.
Заштитна опрема надвор не е задолжително ако:
- престојувате во двор на станбена семејна куќа,
- возите велосипед или спортувате на отворено, но ја одржувате дистанцата од минимум 2 метри,
- патувате во патничко моторно возило со лица со кои заедно живеете
- се движите на јавни места и површини од отворен тип каде не слободно може да одржувате дистанца од 2 метри.