Во Општина Гевгелија од 27 април ќе се работи од 8 до 16 часот
Од понеделник, 27 април, 2020 година, Општинската администрација
во општина Гевгелија ќе работат по старото работно време. Односно, Oпштинската администрација, Одделението за локални даноци и Секторот за урбанизам во Општина Гевгелија ќе работат од 8 до 16 часот.
Граѓаните своите потреби и барања можат да ги поднесат на пријавниците, секој работен ден, во време од 10 до 14 часот.
Сите потребни информации и услуги граѓаните, исто така, можат да ги добијат по електронски пат.