Советот на Општината ќе расправа за преземените активности за заштита од Корона вирусот
Советот на Oпштина Гевгелија на својата 44 седница, која е закажана
за 30 април 2020 година (четврток), ќе расправа за преземените мерки и активности од страна на Општинскиот штаб за заштита и спасување за спречување на ширењето и внесувањето на Корона вирусот COVID 19 во општина Гевгелија. Покрај ова на дневен ред ќе се најдат и други точки:
- Информација за преземените мерки и активности од страна на Општинскиот штаб за заштита и спасување за спречување на ширењето и внесувањето на Корона вирусот COVID 19,
- Предлог-Програма за спроведување на општите мерки за заштита и спасување на населението од заразни болести за 2020 година во Општина Гевгелија,
- Предлог-Одлука за измена и дополнување на Одлуката за организирање и дефинирање на условите за доставување на стока на подрачјето на општина Гевгелија,
- Предлог-Одлука за донесување на Регулациски план на Генералниот урбанистички план на град Гевгелија, измени и дополнување 2011-2021, за Блок 15, општина Гевгелија.
Седницата ќе се одржи во Големата сала на Народниот театар во Гевгелија, по посебен режим на заштита, а согласно мерките на Владата на РСМ и препораките на СЗО. Седницата е закажана во 12 часот.