Бетонирањето на патот кој води до црквата во Петрово е завршено
Бетонирањето на патот кој води од центарот на Петрово до црквата во Петрово,
e завршено, со што е реализиран еден од приоритетните зафати на месната заедница во ова населено место. Изведбените работи ги спроведе градежната фирма „Мансард“ која го доби тендерот за бетонирање на улици. Целиот зафат е реализиран согласно Програмата за локални патишта и улици во општина Гевгелија во 2020 година.
Пред започнувањето со изведбените работи на патот кој води до црквата во Петрово, градежната фирма „Мансард“ започна со изведбените работи на едниот крак од улицата која се протега долж одводниот канал „Рауљ“ од Мостот на патот за Негорци кон новиот хотел „Paint it black”, a се бетонираа и улиците „Гоце Делчев“ и „Бошко Бозаџиев“ во Мрзенци.
Како што најавија „Мансард“, по завршувањето на овој локален пат, тие ќе се преселат во населеното место Богородица и ќе продолжат со бетонирањето на улиците.