Уредени дрвореди и широки тротоари на улицата „Миле Пецанов“
Заврши уредувањето и целосната реконструкција на тротоарите
на улицата Миле Пецанов, значајната сообраќајница која води до Градскиот пазар.
Изведбените работи започнаа со инсталирање на систем „капка по капка“, беа засадени дрвореди и се поставија бекатон-плочки од двете страни на истоимената улица. Станува збор за околу 1000 метри квадратни поплочени со бекатон со што оваа улица доби уредени и широки тротоари.
Според градоначалникот на општина Гевгелија, Сашо Поцков, уредувањето на оваа улица е со цел да се создадат услови за непречено движење на минувачите и безбедно одвивање на сообраќајот бидејќи е една од најпрометните улици, особено во пазарните денови.
- Со акцијата за уредување на тротоарите ќе се продолжи и на другите прометни сообраќајници, така што во план е и реконструкцијата на тротоарите на булеварот Гевгелија, од влезот кај надвозникот, па се до кружниот тек. На почетокот од мај, покрај уредувањето на тротоарите, продолжуваме со бетонирањето на улиците, асфалтирање на уличните дупки и изградба на дел од планираните улици, најавува градоначалникот на општина Гевгелија, Сашо Поцков.