Акција за делење пакети со прехранбени производи на граѓаните од социјално-ранливите категории
Општина Гевгелија продолжува со хуманитарните акции за делење пакети
со прехранбени производи на социјално-ранливите категории за време на вонредната состојба предизвикана од Корона вирусот.
Здружението за хуманитарни цели „СИТЕЗАЕДНО МОЖЕМЕ“ од Струмица донираше 200 пакета за социјално-ранливите категирии со основни прехранбени производи на Општинскиот кризен штаб за заштита и спасување на општина Гевгелија. Пакетите ќе бидат распределени во текот на оваа седмица од страна на Општинските мобилни тимови, а ќе се поделат на исто толку семејства во Гевгелија и во населените места.