Во тек е акцијата за делење пакети со прехранбени производи на социјално-ранливите категории
Денес започна акцијата на Општина Гевгелија
за делење пакети со прехранбени производи на социјално-ранливите категории за време на вонредната состојба предизвикана од Корона вирусот.
Здружението за хуманитарни цели „СИТЕ ЗАЕДНО МОЖЕМЕ“ од Струмица донираше 200 пакета за социјално-ранливите категирии со основни прехранбени производи на Општинскиот кризен штаб за заштита и спасување на општина Гевгелија. Пакетите ќе бидат распределени во текот на оваа и наредната седмица од страна на Општинските мобилни тимови, а ќе се поделат на исто толку семејства во Гевгелија и во населените места.