Продолжуваат активностите околу ревизијата на Стратегијата на ЛАГ „Бојмија“
Продолжуваат активностите околу ревизијата на Стратегијата
за локален развој на рурални подрачја, на територијата на ЛАГ Бојмија. Изминатата недела се работеше заврши со процесот на анализата на моменталната состојба, а се направи ревизија на делот со SWOT и PEST анализата. Процесот беше заокружен на 08 Мај, каде што за време на онлајн работилницата се потврдија насоките во делот на приоритетите и стратешките цели.
Во наредниот период остануваат да се интегрираат новопредложените програми и проекти кои се од интерес на руралното население на територијата, како и да се утврди рамката за меѓународна соработка на ЛАГ Бојмија. Во процесот учествуваат повеќе заинтересирани лица, компании и граѓански организации од сите четири општини Гевгелија, Валандово, Богданци и Дојран.
Процесот на ревизија на Стратегијата е поддржан од УСАИД и Мрежата за рурален развој.