Продолжуваат изведбените работи на неколку проекти
Продолжуваат изведбените работи на неколку проекти
кои поради пандемијата на Корона вирусот и вонредната состојба беа прекинати. Така, на фекалниот колектор со Прочистителна станица во Моин продолжуваат изведбените работи, со што ќе се овозможи целосна функционалност на претходно изградената фекална акција. Вредноста на проектот е 7.173.223 денари, од кои 2.450.000 денари се средства од Бирото за регионален развој, додека другите средства се од Општинскиот буџет. Изведувач на работите е скопската фирма „Турбо инжинеринг“ која на тендерот имаше најповолна понуда.
Во завршна фаза се и работите околу санација на Мостот и речното корито околу Мостот на Сува Река, на влезот во Моин. Во градежната фирма „Еуроинг“ која ги изведува работите врз основа на најповолната понуда дадена на тендеро, нагласуваат дека за изведба остануваат уште неколку зафати, кои беа одложени поради надојдените речни води. Инаку, на тендерот беше постигната цена од 2.110.076 денари со пресметан ДДВ, а средствата ги обезбеди Општина Гевгелија од сопствениот буџет.
Изведбата продолжува со целосното комунално уредување на станбената населба Караорман во Гевгелија., каде што најпрво беше изградена водоводна линија на дел од улиците. Проектот во вредност 4.501.176 денари се финансираше од МСИП- Проектот за подобрување на условите во локалната заедница, како и сопствено учество на Општина Гевгелија. ЈПКД „Комуналец“ по изградената куќичка за пумпна станица, ќе распише тендер за техничко опремување и вградување на препумпни станици. По ова, во станбената населба „Караорман“ продолжуваат изведбените работи на канализационата линија, со што и ќе биде заокружено комуналното уредување. Веднаш потоа, ќе започне и акцијата за тампонирање на улицата во оваа станбена населба.