Седница на Општинскиот штаб за заштита и спасување
- Запознавање со најновата здравствена состројба во општината од страна на д-р Сашо Олумчев, раководител на Центар за јавно здравје-ПЕ Гевгелија.
По скринингот во детските градинки, во моментот во општина Гевгелија се врши тестирање на сите вработени во Граничната полиција.
Се апелира до граѓаните доследно да ги почитуваат и применуваат мерките на Владата на РСМ и на Министерството за здравство.
- По отворањето на кафетериите и терасите, како и угостителските објекти согласно донесениот Протокол за работа на угостителските објекти, беше констатирано дека во најголемиот број објекти, со помали исклучоци, мерките се почитуваат.
Пазарната инспекција во соработка со ОВР- Гевгелија вршат редовен инспекциски надзор, односно, секојдневно ги контролираат отворените објекти.
Во изминатиот викенд, од страна на ОВР- Гевгелија извршени се 49 контроли за движење и носење на заштитна опрема, а поради непочитување на протоколите и заштитните мерки биле поднесени 43 пријави.
Општинскиот штаб за заштита и спасување побара, покрај ОВР-Гевгелија и пазарната инспекција, во контролата на примената на мерките да се вклучат и другите надлежни институции, согласно Уредбите на Владата на РСМ.
Исто така, Општинскиот штаб апелираше до сите родители, кои децата ги носат во детските игралишта, како и млади луѓе што овде рекреираат, дека се уште се во важност заштитните мерки за движење во групи од 3-5 лица, за носење на заштитни маски и држење на предвидената социјална дистанца.
Во врска пак со појвата на дивеење на млади луѓе со мотори и автомобили во ноќните часови, посебно, во станбената населба „Караорман“ и на булевар „Гевгелија“, од страна на Општинскиот штаб е побарана позасилена контрола од страна на ОВР- Гевгелија, како и поголема едукација на младите од страна на надлежните институции.
- Општинскиот штаб расправаше и во врска со превозот на вработените во конфекциските погони и другите производни капацитети во општината, почитувањето на Протоколите за одвивање на работниот процес и примената на заштитните мерки, посебно од страна на градежните фирми, каде што се вработени градежни работници од други општини во земјата.
Од страна на општинската инспекција ќе биде извршена контрола на почитувањето на заштитните мерки во јавниот сообраќај, а на работодавачите ќе им биде укажано на мерките за заштита во посебниот сообраќај, односно превозот на вработените од дома до работните места.
Исто така, од Инспекцијата за труд, како и другите надлежни служби, ќе биде побарана инспекциски надзор на градилиштата во општината, законскиот престој и почитување на заштитните мерки од страна на ангажираните градежни работници од другите општини, кои припаѓаат на жариштата на Коронавирусот.
- Во пресрет на престојните панаѓури во Миравци и Мрзенци, Општинскиот штаб потсети на претходниот заклучок да не се поставуваат тезги во населбите.