Подигање на кабаст отпад само во понеделник
JПКД „Комуналец“- Гевгелија ги известува
корисниците дека подигање на кабаст отпад и градежен шут ќе врши само во понеделник.
Како што најавуваат од Јавното претпријатие, подигањето ќе биде договорено по претходно закажување на телефонскиот број 034/212-808 и ќе оди по принципот прв пријавен-прв услужен.