Во завршна фаза реконструкцијата на улицата „Индустриска“
Изведбените работи на улицата
„Индустриска“, крај која се наоѓаат повеќе стопански капацитети, се при крај. Во текот на оваа недела, треба да заврши асфалтирањето на коловозот.
Градежните активности на оваа најфреквентна стопанска сообраќајница започнаа кон крајот на минатиот месец со поставувањето на атмосферска канализација за прибирање на атмосферските води. По изградбата на канализацијата, следеше проширување на улицата од 5 на 7 метра и уредување на тротоарот од јужната страна со широчина од 2 метра.
- Завршени се повеќето oд изведбените работи на улицата „Индустриска“. Со градежните активности за поставување нова атмосферска канализација, ќе се намали количината на дождовна вода која при обилните врнежи се слеваше на истоимената улица. Со проширувањето на улицата и изградбата на тротоарот ќе се овозможи растеретување на сообраќајот и поголема безбедност при неговото одвивање, истакна градоначалникот на општина Гевгелија, Сашо Поцков.